Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Вистина ли е дека мажите брзо губат интерес за жените кои лесно ги освојуваат?

Дали некогаш сте се запрашале зошто мажите брзо губат интерес за жената што лесно ќе ја освојат? Во еден момент живеете во бајка, во следниот момент таа бајка се претвара во ваш хорор. Секако дека имаме право да изгубиме интерес за некој за кој се испоставило дека не ни одговара или поради посесивност, љубомора, глума, лаги… Но што ако жената била совршена цело време, а тој сепак изгубил интерес? Причината речиси секогаш е иста – страв од обврски. Во вакви ситуации вистинското прашање е што не е во ред со мажот, а не со жената. Некои мажи успеваат да го надминат стравот и да станат онакви мажи за кои жените сакаат да се омажат, додека оние другите остануваат мажи какви никоја жена не би ги посакала за сопруг, а ни некоја мајка за зет. Таквите мажи едноставно не сакаат да ја изгубат слободата и не сакаат да се лишат од возбудата што им ја носи освојувањето на нови трофеи. Токму затоа, жената што лесно ќе ја освојат, набрзо им станува неинтересна, бидејќи веќе се увериле дека можат да ја имаат. Тогаш започнуваат со следно освојување и се така, се додека постојат заинтересирани жени за тоа. Што би можела жената да направи? Жената мора колку што се може побрзо да го избрише овој маж, како никогаш да не постоел! Жената мора сама пред себе да си признае дека овој маж нема никогаш да биде она што таа посакува – стабилен маж и кандидат за сериозна врска. Дали некогаш ќе свати дека таа е вистинската жена? Не! Едноставно, без лажни надежи, жената треба да престане да се самосожалува, треба да сврти нова страница во животот и да даде шанса на некој кој заслужува.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement