Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Совети кои татковците треба да им ги дадат на своите синови

Научете го детето секогаш да гледа во очи за да го сфатат сериозно. Кажете му дека стисокот на раката кога се запознава со некого треба да биде цврст, бидејќи никој не им верува на “млитавите”.

Највредното нешто што секој татко може да му го пренесе на својот син се вредностите. Затоа, размислете како можете да го советувате својот наследник, за да израсне во чесен човек и прав маж.

За почеток, научете го вашето дете секогаш да гледа во очи додека зборува, зашто само така ќе го сфатат озбилно. Кажете му дека стисокот на раката кога се запознава со некого треба да биде цврст, бидејќи никој не им верува на “млитавите”, а првиот впечаток е најважен. Покажете му преку сопствен пример дека не треба да се откажува, напровтив треба да биде истраен во своите намери. Важно е работите кои ги сака да ги прави со страст и да се бори за своите цели.

Важно е да се развива во силна индивидуа, отворен човек со широки гледишта кон светот и некој кој ќе умее со леснотија да ги прифати разликите меѓу луѓето. Научете го својот син да не го очекува секогаш најлошото од луѓето, бидејќи секого кого ќе го запознае заслужува почеток, без било какви предрасуди.

Научете го дека дисциплината е многу важна за постигнување резултати на училиште или на работа, и секогаш зборувајте му дека сѐ се постигнува со напорна работа. Кажете му дека може да се потпре на своите способности, ама кажете му дека не е срамота да побара помош тогаш кога ќе му биде потребна.

Покажете му како да биде одговорен, да ги почитува жените и дека обавезно треба да го исчисти нередот после себе. Треба да знае, ако зготви нешто за јадење, си го намести креветот или си испегла кошула тоа нема да го направи помалку маж. На крајот, дозволете му да присуствува на изливите на нежност меѓу вас и вашата сопруга. Нека слушне како ѝ велите на својата жена дека ја сакате, бидејќи токму вие ќе бидете негов пример во иднина кога тој ќе гради сериозна врска.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement