Се прашувате што јадат слабите луѓе? Не станува збор само за овошје и зеленчук иако тоа е основата на здравата исхрана. Докажано е дека консумирањето на млечни производи барем два пати во денот може да ги намали шансите да бидете дебели.
Истражувачите ги анализирале навиките во исхраната кај 7173 луѓе и дошле до заклучок дека луѓето кои редовно консумираат млечни производи најчесто имаат низок индекс на телесна маса, а специфично е тоа дека луѓето кои два пати во денот јадат млечни производи имаат помали шанси да се здебелат во споредба со оние кои ги консумираат поретко.
Млекото највеќе влијае на ширината на вашиот струк. Луѓето кои консумираат млеко секој ден имаат помали шанси да се здебелат. Сепак, идексот на вашата телесна тежина е загарантиран само ако млекото содржи помалку од 3.4 % млечна маст.
Што се однесува до другите млечни производи, јогуртот често се препорачува доколку сакате да изгубите некој килограм поради количеството на калциум. Калциумот е клучна состојка за одржување витка фигура бидејќи овој минерал може да го стимулира топењето на масти околу колковите.
Затоа, вклучете ги млечните производи со низок процент на млечни масти во вашата дневна исхрана и сигурно ќе извојувате победа во битката против вишокот килограми! Протеинот ќе ве засити, а калциумот ќе ви помогне во топењето на мастите.

You must be logged in to post a comment Login