Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Ова ги одбива жените да бидат раководители

Општо е познато дека меѓу раководните работи има помалку жени отколку мажи. Една нова студија открива дека тоа е случај можеби поради тоа што во описите на работните места во огласите се користат специфични зборови, кои на понежниот пол му делуваат одбивно.

Кога бараат работа, жените ги одбиваат зборовите во огласите кои се поврзуваат со машките стереотипи

Се покажало дека жените поретко се јавуваат на огласи во кои се употребени зборови поврзани си машки стереотипи, како што се „упорен“, „агресивен“, „аналитичен“. Жените полесно ќе се јават на интервју за работа ако во него стојат зборовите, како што се, на пример „посветен“, „одговорен“, „совесен“ и „друштвен“.

Покрај тоа, споменатата студија покажала дека изборот на зборови во огласот не влијае на бројот на мажи кои ќе се пријават.

Со необрнување внимание на изборот на зборови, компаниите на тој начин самите себеси се ограничуваат и лишуваат од шансите да привлечат квалитетни нови соработници. И сето тоа само поради тоа што стереотипите се суште многу присутни наспроти сите друштвени трансофрмации.

Уште еден интересен резултат од истражувањето:

Наспроти општото верување дека шефот кој беснее низ канцеларија има поголема моќ, се покажало дека таквите претпоставени, всушност, околу себе привлекуваат нелојални соработници. Од друга страна, оној пеф кој сака да ги пофали своите вработени кога добро ја завршиле работата, ќе има посреќни вработени, што секако се одразува и на квалитетот на работата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement