Едно америчко истражување покажа дека денеска една од шест жени го изневерува партнерот. Оваа бројка речиси двојно е зголемена бидејќи поранешната статистика покажуваше една прељубница од 10 жени.
Бројот на жени кои ги изневеруваат своите сопрузи или партнери е зголемен за повеќе од 40% во последните 20 години, покажа едно америчко истражување. Ако статиситчки, пред 20 години од 10 жени само една била прељубничка, денес една од шест жени го изневерува партнерот.
Се чини дека жените кои изневеруваат се изедначија со мажите кои изневеруваат. Тоа е таа рамноправност…
Иако студијата покажува дека мажите сепак почесто ги изневеруваат партнерките, но таа разлика сега е многу мала.
Порастот на жените прељубнички се обајснува со фактот дека денеска жените се сѐ понезависни од мажите, повеќе се социјализираат, што во основа ѝ дава на жената слобода полесно да пријде на друг маж.
Адвокатите пак, изјавиле дека во последните 10 години е зголемен бројот на разводи чијшто причинител е неверството на жената.

You must be logged in to post a comment Login