Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ СТАПЧИЊАТА ЗА УШИ: Восокот е многу покорисен, отколку што можете да замислите

\Иако, не се грижите за тоа премногу, постојат помалку познати теории, кои е добро да ги знаете од здравствени причини. Притоа, не се мисли само на лична хигиена.

Спречува чешање

Ги одржува ушите влажни, како што делуваат солзите на очите, и со тоа спречува сушење и чешање.

Ја одржува хигиената на ушите

Восокот е комбинација од секрет во ушите, мртвите ќелии на кожата и прашината која влегува во вашите уши. Со чистење на восокот, можете да си направите повеќе штета. Тој ќе исчезне сам од себе, а лекарите советуваат да го чистите само ако е премногу наталожен и може да делува на слухот.

Зборува за тоа колку се потите

Некои луѓе имаат влажен, а некои сув восок. Белиот восок значи дека имате недостаток на одредени хемикалии во потта, а тоа доведува до лош мирис на телото.

Стресот влијае на количината восок

Жлездите во ушите преку кои се лачи восокот, спаѓаат во апокрини жлезди, а тие се одговорни за најнепријатниот мирис на телото при потење. Освен што го поттикнува потењето, стресот влијае и на зголемена количина на восок во ушите.

Не користете стапчиња за уши

Лекарите препорачуваат, доколку морате да ги исчистите ушите, да ги измиете само со топла вода.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement