Во оваа долна облека неможе да поминеш неприметено. “Козабела” моделите се флуоросцентни и сјаат во темница!
Дизајнерите на италијанскиот бренд “Козабела” смислиле начин како да ги направат повозбудливи игрите во темница. Креирале линија на долна облека од материјали со флуоресцентни пигменти.
Потребно е градниците, тангите и гаќичките во три бои, да бидат само три минути на дневна светлина по што ќе засветат во темница!
Сите модели се од чипка, а цените се движат од 30 до 70 евра.
Производителот вели дека бојата е постојана и дека облеката ќе свети и после безброј перења. Значи нема веќе “лутање” кога светлата во спалната соба ќе се изгаснат…
httpv://www.youtube.com/watch?v=-nInVPe1R5s#t=48

You must be logged in to post a comment Login