Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Како да го натераш да те сака вечно?

Да натераш еден маж да се вљуби во тебе и да ја задржиш неговата љубов се повеќе се изедначува со “невозможна мисија”. Да, меѓутоа група осихолози објавија дека овие две задачи не биле толку сложени. Излегува дека треба да направите само две работи.

Да создадете разбирање

Дури и да го сакате со целото срце, тоа не значи дека тој автоматски ќе ви возврати на чувствата. Мажите имаат потреба од разбирање, почит и најмногу – де се чувствуваат значајни. Само така можат да допуштат жената да го сподели животот со нив.

Бидете подготвени дека разбирањето не се создава толку лесно. Ако пак имате големи разлики во карактерите, може и воопшто да не успеете. Имајте на ум дека ништо не ве зближува така, како заедничките цели.

Да го задржите интересот

Добро, го довивте. Тој ве сака повеќе од се. Но сега доаѓа најтешкиот дел – да му го задржите интересот. Бидејќи долгите врски неминовно страдаат од здодевност и монотонија. Затоа не се опуштајте! Ако еден маж загуби интерес, тогаш неверството е само прашање на време.

Направете така, тој да ве открива секој ден. Флертувајте со него, предизвикувајте го, изненадувајте го. Разговарајте! Многу парови сметаат дека доаѓа момент во кој е нормално да седат и молчат. Не, не е нормално! Секогаш можете да најдете интересна тема за дискусија.

И не на последно место – настојувајте да изгледате добро. Тоа што го освоивте не значи дека се ви е сигурно. Пет сантиметри корен или неискубани веѓи се неприфталиви! Прво заради вас самата, второ – така нема како да не бидете секси за мажот што ве сака. Оправдуања нема!

Па, девојки, излегува дека топката е во наши раце. Само пред да одлучите да посветите толку енергија и време за освојување на нечија љубов, прво добро размислете дали вреди!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement