Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Сте прекинале долга врска? Што понатаму?

Сте прекинале долга врска и сега не знаете како понатаму. Не знаете како да завртите нова страница во животот и да почнете да се гледате со други момчиња. Пронајдовме за вас неколку совети.

Пред се треба да размислите дали навистина сте го преболеле бившиот партнер. Никогаш немојте да влегувате во нова врска доколку сеуште имате чувства кон бившиот партнер, било да се позитивни или негативни.

Во нова врска никогаш не смеете да влезете само за да ја заборавите старата. Најпрво проучете ги своите чувства и пуштете ги. Ако ви се плаче, плачете. Најпрво преболете го бившиот, па тогаш влезете во нова врска.

Спомените, ситниците и останатите работи кои ве потсетуваат на бившата врска, ставете ги на место каде што нема да ги гледате. Пронајдете некоја дополнителна активност за да не мислите постојано на она што ве мачи.

Наполнете се со позитивна енергија и развлечете ја насмевката од уши до уши. Покажете ги своите адути. Облечете се така да се чувствувате сексапилно, излезете со пријателите и забавувајте се до раните утрински часови.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement