Нашата најголема грешка е што не знаеме да ги препознаеме на самиот почеток. Секој маж има потенцијал да биде вистински волшебник, само кога тој сака. Тоа не е некоја псебна мудрост и тие не се ретки. Магијата е секојдневна и секаде е достапна. Ние мораме да ја препознаеме и да и се препуштиме.
Кај љубовникот ситуацијата е веќе поинаква. Тоа се оние кои навистина знаат да како да ги сакаат жените, без разлика дали се со килограм повеќе, со пуштена несредена коса и без разлика за сите неважни работи со кои често се (непотребно) оптеретени.
Тие точно знаат што да кажат и направат и тогаш ние се чувствуваме како најпривлечни и најубави на светот. Но, да не дојде до забуна, тие одвреме навреме немаат идеја околу врската, а често не се ниту слободни. Но доколку е тој прав љубовник, тоа и не е првата работа која ќе ја дознаеме, дури најчесто и последно го дознаваме, па на крајот паѓа во вода секоја наша надеж дека сме го нашле и дека ќе го задржиме.. Од друга страна, додека трае, не е само добро туку е – најдобро.
Добар – подобар – најдобар е права реткост и драгоценост. Нашата најголема грешка е што не знаеме да го препознаеме на самиот почеток, туку дури на крајот кога веќе сме го изгубиле, затоа памет во глава!
Кога ќе препознаете дека е некој добар, па следи неизбежно споредување со други дечковци, па да се докаже дека е подобар од другите, знајте дека веројатно за вас ќе биде и најдобар. Чувајте ги и не им давајте да си одат! Бидејки ако си отидат, тоа е веќе некој синдром како Халеевата комета…

You must be logged in to post a comment Login