Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

5 чудни меѓународни работни обичаи

Пробајте да се изгубите во хамбургерот за време работен ручек во Индија или да нарачате тура пијалоци на ваша сметка по склучување на договор во Саудиска Арабија и ќе видите колку брзо вашите клиенти ќе станат поранешни клиенти. Ако вашата работа е таква што често стапувате во контакт со странци, ќе мора да се запознаете со нивните обичаи, со цел некоја ваша постапка да не ја уништи целата работа.

 

ЈАПОНИЈА – НЕ ГО ВИКАЈТЕ ШЕФОТ ПО ИМЕ

 

Од времето на царевите, Јапонија директно премина во индустриска ера, а нивниот феудален систем ни од далеку небеше пријатен. Иако ги отворија своите врати кон Западот, Јапонците ја задржаа почитта кон хиерархијата. Да го наречете својот пријател Роберт-сан би било соодветно доколку Роберт е дете. Наставката „сан“ означува едначење или подреден однос. А што ако Роберт е шеф? Обраќајте му се со господине, господине директор и слично.

 

ШПАНИЈА – ВНИМАТЕЛНО СО РАКУВАЊЕТО

 

Во некои земји сеупте важи дадениот збор, довербата, а понекогаш доволно е само ракување. Писмените договори доаѓаат подоцна. Ваквиот релаксиран однос кон склучувањето договори постои во Шпанија, во која разговорот со по некоја чашка и премолчениот договор можат да значат дека всушност договорот е склучен.

 

 

БЛИСКИОТ ИСТОК – НИКОГАШ НЕ ОДБИВАЈТЕ ПОНУДА ЗА ЧАЈ

 

Ова правило не се однесува на Израел, но во секоја исламска земја, ако ви понудат чај, треба да го прифатите. Дуриа и ако не сте жедни, земете ја чашата или шолјата и ставете је пред вас.

 

ИЗРАЕЛ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЦЕНКАЊЕ

 

Не е стереотип – Евреите и Арапите сакаат да се ценкаат. Неведената цена на некој производ, на Блискиот Исток никогаш не е конечна. Без разлика дали станива збор за автомобил или марама. Исто така, немојте да се изненадите ако некој од нив кој купува од вас побара пониска цена. Ценкањето едноставно е посилно од нив.

 

И УШТЕ ЕДНАШ ЈАПОНИЈА – ЗАБАВИ ДО ЗОРИ

 

Заборавете сè што знаете за Јапонците од бизнис светот, само на неколку часа. Од Јапонците се очекува да поминуваат дополнително време со своите колеги на работа, на сметка на семејниот живот.

 

Но, тогаш од нив се очекува потполно да „откачат“.

 

Компаниите обично купуваат огромна количина шишиња скапи пијалоци кои се служат на посебните службени излегувања и во ноќните клубови. Дури, по склучување на некој голем договор обичај е директорот да добие бонус плата која треба да ја искористи за свое уживање, а за тие трошоци мора да има сметки.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement