Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

финансии

Жената (е) на врвот

Предвидувањата на разни светски аналитичари велат дека припадничките на понежниот пол во следните неколку децении ќе завладеат со светот на бизнисот.

 

Развојниот пат на женската кариера беше трнлив, но со текот на годините  ја усовршил нашата истрајност, борбеност и упорност, поради што на крајот, успехот нема да нè одмине.

 

Жените во педесеттите

1950 година беше годината која на светско ниво, го означи пресвртот за позицијата на жената во приватниот сектор. Иако, во главно работеле на административни позиции – како секретарки, рецепционерки и асистентки, приливот на жени во овој сектор го трасираше патот за идните позиции на повисоки авторитети. Оваа 1950 година, околу 13,8% од сите административни работи ги вршеле жени. Меѓутоа, често се наоѓале и во непријателски средини поради строгите стандарди и половата дискриминација. Жените играле и важна улога во медицината, особено во негата. Иако во текот на дваесеттиот век повеќето лекари биле мажи, жените се позиционирале како нивни соработници, бабици, медицински персонал, помош во старачките домови. Работата на жените во оваа сфера вообичаено барала усовршување и тоа допринело за почетоците на образованието на жените.

 

Жените во шеесеттите

Улогата на жените воовие години почнала да расте, особено во областа на спортот. Конечно било дозволено да учествуваат во некои спортови, наспроти контроверзиите ширум светот кои биле предизвикани од оваа појава. Вила Рудлоф е првата жена која освоила три различни златни медали на Олимписките Игри 1960 година. Главната улога на жената и понатаму била да биде домаќинка и сопруга, но во текот на овие години се појавиле многу феминистички движења кои барале жените да добијат ист третман како и мажите. Повеќето немажени жени и некои кои биле мажени заработувале за живот. Најчести професии биле: учителка, медицинска сестра, дактилографка, секретарка, книговодителка, продавачка, државна и банкарска службеничка, келнерка, куварка, кројачка, собарка, чистачка… Во некои земји имало и полицајки, лекраки, адвокатки, па дури и жени во војската, морнарицата и воздухопловството.

 

Жените во седумдесеттите

Феминистичките движења во овие години го достигнале врвот и жените конечно се дигнале за да се борат за себе. Добиле поголеми права да работат во областите на политиката, науката, правото и бизнисот. Во весниците за прв пат се појавиле огласи за работа кои  подеднакво барале женска и машка работна сила. Сепак, и понатаму добивале 45% пониски плати од мажите, но прогресот сепак е прогрес. Жените се менувале и во однос на физичкиот изглед, па така ги крателе своите долги коси и носеле паж или машки фризури, како симбол на рамноправност. Жените во текот на овие години добиле право да ја задржат својата работа кога се бремени, да добијат кредитни картички, да пријават сексуално вознемирување на работно место, да се натпреваруваат како боксерки на Олимписките Игри, легално да абортираат или да одбијат секс со маж.

 

Жените во осумдесеттите

Во осумдесеттите години, жените сè почесто (сепак во помала мера отколку сега) станувале директорки, а некои мажи дури останувале дома со децата додека тие работеле. Осумдесеттите креираат самоуверена и силна жена која смело чекори низ животот. Во тие години било примамливо да се работи во модната индустрија бидејќи таа ги воздигнувала различностите, ги укинувала на границите и ги соборувала табуата. Жените во овие години поставувале нови модни правила, така што спојувала детали кои дотогаш биле незамисливи. Жените покажале став со помош на модната индустрија.

 

Жените во деведесеттите

По падот на Берлинскиот Ѕид во 1989 година следел економски процут и процут на медиумите. Поради тоа, многу жени посакале и се обиделе да влезат во шоу бизнисот како манекенки, пејачки, водителки, глумици… Да бидеш виден, значело да бидеш успешен (овој бран се одржал до ден денес). Жените во деведесеттите години масовно станувале индустриски инженери, судии, хирурзи, стоматолози, детективи и економисти. Постигнувале успеси и во кошарката, фудбалот, безболот, рагбито (спортови кои дотогаш се сметале за машки), како играчи, но и како тренери. Жените генерално се чувствувале поопуштено во сопствената кожа и можеле да бидат она што се.

 

Жените во денешницата

Со развојот на IT секторот стана престиж да се работи во областа на технологиите. Apple, Google, Microsoft, Facebook се само некои од компаниите во кои жените имаат големи успеси. Во некои земји, сепак, жените и понатаму имаат пониски плати од мажите на иста позиција што, за жал, се однесува и на нашата земја. Денес не постои професија која жената не може да ја обави. Родови услови не постојат, но образованието е пресудно. Во текот на животот би требало постојано да учиме бидејќи потребите на пазарот на труд вртоглаво брзо се менуваат. Секоја личност, без разлика на полот, треба постојано да работи на себе за да може да се прилагоди

 

На листата на Форбс за најплатени женски професии во 2013 година, на светско ниво, на прво место е фармацевтка. Второто место им припаѓа на извршните директорки, на трето се адвокатки, на четврто медицински

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement