Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Емоционалната измама е сепак измама: Овие знаци укажуваат на тоа!

Постојано размислувате за него, му испраќате пораки, размилувате што ќе облечете ако знаете дека ќе го сретнете, сетоа тоа укажува на измама.

Своето момче многу го сакате, а колегата од работа, од факултет ви е само добар пријател. Толку е мил што често долго разговарате и притоа внимавате како изгледате ако знаете дека ќе се сретнете. Иако физички ништо не се случува меѓу вас, можеби сте емоционално неверни кон вашиот партнер.

Ако и самите сте забележале  некои од следните знаци, можеби несвесно сте се нашле во емоционална афера. Тоа се знаци за тоа дека веројатно сме незадоволни во врската и време е малку да се позанимавате со себе.

1.Секогаш е во мислите

Кога ќе се разбудите наутро, веднаш помислувате на него, а навечер заспивате со истите мисли. И признавате дека често помислувате на него во текот на денот, дури и кога треба да бидете концентрирани на работа или на некои други работи. Е, тоа се вика заљубеност.

2.Сакате да ги искажете чувствата

Добивте унапредување на работа, освоивте некаква награда или парична добивка – не е важно која добра вест е во прашање, но вие имате желба да ја споделите со него.

3. Му испраќате пораки

Поврзано е со претходната точка, а уште еден показател дека премногу ви значи – му испраќате повеќе пораки отколку на вашето момче, вашите родители или пријатели. Запрашајте се зашто?!

4. Со нетрпение ја очекувате средбата

Ја користите секоја прилика да го видите дури и ако тоа значи дека помалку ќе се гледате со сите други луѓе во вашиот живот или пак без срам ќе го откажете договорот со пријателите.

5. Споредувате

Размислувате како се однесува  и што сака да прави, па сакате и вашиот партнер да биде како него. Ова се однесува на сите нивоа, од изглед до поглед на светот и животните принципи.

6. Што да облечете, прашање е сега

Да, како адолесцент, склони сте на тоа долго да се подготвувате ако знаете дека ќе се сретнете. А кога конечно ќе изберете што ќе облечете, размислувате што ќе зборувате и каков впечаток ќе оставите.

7. Чувствувате поврзаност

Не е важно дали се работи за деловни проблеми, животни ставови или нешто трето, но јасно ви е дека тој добро разбира што сакате да кажете и чувствувате поврзаност на ментално и емоционално ниво.

8. Тајни

Ако имате потреба да му кажете некои интимни моменти и размислувања повеќе отколку на вашиот партнер, јасно е дека не станува збор само за добро пријателство.

9. Делите интимност

Еден од знаците дека ја преминавте границата секако е разговорот за партнерот. Без оглед на тоа какви проблеми имате во врската, трета личност не би требало да биде запознаена. Тоа може лошо да заврши.

10. Фантазирате за него

Ако барем еднаш сте помислиле како се бакнува, дали е нежен или многу страствен, ја премнинавте границата и направивте емоционално неверство.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement