Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Вегетаријанците повеќе заболуваат од оние кои јадат месо?

Ново истражување кое се однесува на вегетаријанскиот начин на исхрана, донесе неочекувани резултати. Имено, вегетаријанците, многу почесто од месојадите заболуваат од карцином, ментални болести, алергија.

 

Сите лекари и нутриционисти препорачуваат исхрана која е богата со овошје и зеленчук, но најновото истражување покажало дека на човековиот организам му треба и месо. Оние кои не го конзумираат, воопшто не се поздрави од месојадите.

Вегетаријанците имаат двојно поголем ризик од алергија и 50 проценти поголем ризик од срцев удар или рак. Исто така, значително е поголема веројатноста дека ќе заболат од депресија, покажала студијата на научник од Медицинскиот Универзитет во Грац, Австрија.

 

Меѓутоа, истражувањето покажалао дека вегетаријанците во некои сегменти сепак се поздрави од месојадите. Бројките покажуваат дека тие обично се поактивни, помалку конзумираат алкохол, поретко пушат и имаат понизок индекс на телесна маса.

 

Истражувањето исто така покажало дека на вегетаријански начин на исхрана почесто се одлучуваат лица од повисок социо-економски статус.

 

Што се однесува до земањето лекови, можеби нема да верувате, но вегетаријанците користат повеќе лекови и суплементи за разлика од месојадите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement