Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Три начини на кои се носи кожно здолниште

Мало кожно здолниште е еден од класиците во гардероберот на секоја жена. Кратки и секси или романтични и стилизирани со каиш, здолништата од мека кожа се “must have” кој го сакаме секоја сезона. Ви претставуваме три идеи за комбинирање на кожно здолниште оваа топла сезона!

Лежерна комбинација

Маички во должина на папок во комбинација со кожни здолништа од различни должини е прав погодок оваа сезона. Со оваа комбинација може да се носат високи потпетици, но бидејќи станува збор за лежерен стајлинг, ние ви предлагаме удобни патики.

Деловна комбинација

Кожата во комбинација со класична кошула во сина боја изгледа многу софисицирано и примерно во деловната средина. Ако сакате на целата комбинација да и дадете модерен призвук, одлучете се за чевли на риги.

Вечерна комбинација

Сакате да изгледате модерно, кул и да оставите впечаток дека ја сакате модата? Поиграјте со различни модели кои се совршени за топлата сезона во која почнавме да уживаме. Чевлите и чантата нека бидат во весел принт, а кошулата во секогаш модерните риги!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement