Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Што мислите во врска со пирсингот на гениталиите?

 Пирсингот не е моден тренд, Старите Египќани, како и други антички култури низ целиот свет, ги бушеле своите тела уште пред околу 4000 години. Последните три децении, гениталниот пирсинг одново се појавува како алтернативен облик на самоизразување, но и како начин на подобрување на сопствениот сексуален живот.

Некои се одлучуваат за интимен накит поради желбата за внимание, бидејќи тоа им претставува сексуален фетиш и бидејќи се уверени дека тоа ќе им го зголеми сексуалното задоволство. За пирсинг на гениталии речиси никогаш не се одлучуваат конзервативни личности кои ги сакаат класичните сесксуални положби, кои не сакаат да експериментираат и кои експериментирањето го сметаат дури и за перверзно. Сепак, пирсингот на гениталиите автоматски не подразбира садо-мазо игри.

Психолошкиот профил на личноста која се одлучува за пирсинг на гениталиите, најверојатно подразбира личност која не се плаши, која е самоуверена и свесна за својата сексуалност.

Foto: Profimedia

Пирсинг на вагина

Постојат повеќе начини на пирсинг на овој дел од женското тело, а од тоа зависи и периодот на зараснување. Може да трае од четири недели до три месеци, а после зафатот се препорачува воздржување од секс. Секој дел може да биде прободен. Но сепак, кај секоја жена не доаѓаат во предвид сите начини, бидејќи интимните области меѓусебно се разликуваат. Некои клиториси не се погодни за пирсинг, затоа пред да се донесе конечната одлука за конкретното место и начин на пирсинг, се препорачува советување.

Некои методи навистина придонесуваат за зголемување на возбудата, но не сите. Украсите кои се ставаат на клиторисот имаат моќ да го зголемат сексуалното задоволство, а што поголем клиторис имате, толку Ви се поголеми можностите за дополнителна возбуда.

Ова не може да се постигне со оние пирсинзи кои инаку имаат само естетска намена, односно пирсинзи кои се направени на надворешните интимни усни. Нивната намена е исклучиво визуелна.

Foto-ilustracija: Foter.com / Soft Screams

Пирсинг на пенис

 

Постојат многу различни видови пирсинг на пениси. Најпопуларниот пирсинг почнува на долниот дел на главичката на пенисот, блиску до врвот и се протега нагоре, долж мочниот канал до самиот мочен отвор. Уринирањето во тој случај е малку отежнато, бидејќи наместо една сега веќе има два отвори, но повеќето мажи тврдат дека со малку вежба, тоа не претставува голем проблем.

Кај вториот најчест начин на пирсинг се прободува френулумот, лабава кожичка на долната страна на пенисот, веднаш под главичката. Може да се стават и повеќе пирсинзи долж долната страна на коренот на пенисот, што има изглед на скала. Ако се одлучите на овој вид на украсување, некои активности, пред се оние кои вклучуваат седење, во текот на зараснувањето ќе бидат прилично непријатни.

Можеби најсигурно, а според мислењето на многумина и најзабавно е бушењето на предната кожичка на пенисот, што секако е возможно само кај необрежаните пениси. Времето на зараснување е многу кратко, а можноста за компликации многу мала. Обрежаните мажи претпочитаат да посегнат по пирсинг на главичката на пенисот, а постои и пирсинг на кожата меѓу анусот и тестисите кој според тврдењето на некои фраери, ја стимулира простатата.

Foto-ilustracija: Foter.com / Miguel.Aguilera 

На што мора да внимавате при пирсинг на гениталии?

 

Пирсингот на гениталии е сè попопуларен и кај нас, во време кога се срушени многу сексуални табуа и кога лиѓето стануваат поотворени кон експериментирањето со своите тела. Не се одлучувајте за пирсинг на гениталии доколку сте премногу чувствителни, бидејќи на одредени места треба да бидете многу толерантни на болка. Исто така, поради можни компликации, обратете се кај професионалец кој детално ќе ви ги објасни ризиците и начинот на кој правилно ќе се однесувате кон својот нов накит.

Foto-ilustracija: Foter.com / Gaia Cilloni

Зараснувањето по правило е брзо и не е проблематично, бидејќи се работи за добро покриени делови. Токму поради тоа, при бушењето можете да очекувате обилно крварење кое не треба да ве загрижува. Ако водите сметка за упатствата кои се поврзани со хигиената и личното здравје, не треба да се плашите од пирсингот.

 

Но сепак, какво е вашето мислење за интимниот накит?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement