Неодамна завршената сезона на светската недела на модата остави скапоцени спомени, а една од нив дефинитивно е ревијата на модната куќа Шанел.
Оваа ревија не однесе во замислен шопинг центар и не наведе добро да се забавуваме, па дури само по пат на фотографија.
Освен одличната забава и необичнио амбиент, презентацијата на Шанел за есенската колекција го претстави и новиот моден додаток кој сигурно ќе им се допадне на сите трендсетерки!
Се работи за слушалки кои се украсени со препознатливиот, нашиен детал, а настанаа како производ на соработката со познатите брендови Шанел и Монстер.
Иако сè уште не е познато кога ќе бидат во продажба овие шик слушалки, дамите од целиот свет со нетрпение чекаат да ја надополнат својата колекција со овој моден додаток.




You must be logged in to post a comment Login