Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Мажите бараат жени со овие особини

Ако знаете од куќа да направите дом тогаш вие сте иделната жена за секој маж.

Околу тоа што жените сакаат од мажите и обратно се полемизира на големо.  Колку и да се истражувања спроведени на таа тема и жените и мажите секогаш се прашуваат подеднакво што бараат еден од друг.

Последните истражувања спроведени од сексологот Кевин Кар, кои им се посветени на потребите на мажите ги објаснуваат квалитетите кои скоро секој припадник на посилниот пол посакува да ги има нивната женска половина.

Искреност

Дамите кои глумат и не знаат што сакаат може се привлечни за незрелите мажи, но тие прави жени кои знаат што сакаат и не им е срам од го кажат тоа се посебно привлечни. Искрен пристап злато вреди, а секој маж треба да знае да цени таква жена.

Доверба

Тоа што секој партнер го посакува, да има доврба во саканата. Одсуството од љубомора и сигурност е посебно пријатно чувство.

Женска рака

Она што мажите од жените сакаат е да имаат способност да ја претворат куќата во вистински дом. Овде се работи за сигурноста која ја чувствува со жената, а сигурен и топол дом е на врвот од списокот на секои машки и женски потреби.

Потпора

Неговите луди сонови може се нереални и неостварливи, но најважно е да има покрај себе жена која ќе го подржува. Ако го има тоа чувство дека има подршка до себе тоа ќе му биде една скала поблиску до реализација на тие сонови.

Цврсто тло

Секој маж сонува за жена која може да сонува и лета со него, но и можноста да го повлече назад на земја кога е време да се стане посериозен е голем плус. Жени кои знаат да ги комбинираат и двете се идеалните за многумина.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement