Ако го прашате сопственикот на ресторанот по текстов кој следи, сигурно некој погрешил со понудата на вкусни оброци по разумни цени – многу е подобро да понуди нешто застравувачко и по тоа со можност, добро да го наплати.
1. Пенис во устата – Гуо Ли Зуанг е еден од визионерите какви што споменавме во воведот, отворил ресторан кој послужува животински пениси од сите видови и големини. Сепак, работите да не бидат едноставни, големината на пенисот која ја добивате во порцијата нема да имаат и тестисите кои следат, туку од друго животно. Специјалитет е ‘Човековиот моќен оброк’ порција со три пениса и осум тестиси од кои сигурно ќе добиете неверојатна плодност и сексуална моќ. Сигурно кога следен пат ќе пржите колбаси и јајца, ќе се потсетите на овој ресторан.
httpv://www.youtube.com/watch?v=isqOzB0OtOw
2. Суши за канибали – сушито зема замав десетина години и е многу популарен секаде во светот. Но претпоставуваме дека и оние кои сакаат суши за момент ќе им застане здивот и ќе се размислат дали ќе јадат во ресторанот во Токио ‘Канибалски суши’. Инаку, таму се јаде “човечко тело” направено од сирова риба, кое во себе има морски плодови обликувани да изгледаат како човечки органи, а кога ќе се пресече кожата, од нив тече црвен сос. Оброкот ‘човечко тело’ може по избор да биде машко или женско.
httpv://www.youtube.com/watch?v=MeJ8Nggf0Gs
3. Вечера на небото – е едно од оние доживувања кои никогаш нема да ги заборавите – јадете на 40 метри височина, а за вашиот стол ве држи сигурносен појас, додека вашите нозе висат. Но, сигурно утеха ви даваат уште 20 престрашени гости околу вас кои ви прават друштво додека јадете на белгиската дигалка – ресторан. Нема ни потреба да ви спомнуваме дека ова искуство не е за оние кои се плашат од височина, а претпоставуваме дека ни одењето во тоалет не е можно во текот на вечерата. Инаку, овој ресторан се наоѓа на голема метална конструкција и доколку ве фати некое невреме, нема да ви биде само стравот од висина, туку и од грмотевиците околу вас.
httpv://www.youtube.com/watch?v=GwFlOb5RHbk
4. Либански експлозивно доживување – претпоставуваме дека на Либанците одењето во ресторанот ‘Buns and Guns’ е како и секој оброк, со оглед на честите воени активности на локалните исламистички политички странки на Хезболах, но оние кои не се навикнале на рафални пукотници и експлозии во позадината сигурно ќе завршат испод масата и ќе пробуваат да го најдат својот пасош и превод на реченицата “јас сум турист”. “Buns and guns” е дел на ланец ресторани во кои можете да нарачате Калашников (сендвич со говедско месо на автоматска пушка). Не се само имињата на менито со воен карактер – во ресторанот послужуваат луѓе со кациги, на влезот на ресторанот има вреќи со песок, а наместо убава музика во позадина има пукотници и звукови од борба, рафални истрели и експлозии. Нивното мото им е “сендвичот може да ве убие”.
httpv://www.youtube.com/watch?v=9usrwvuvwmU
5. Модерен тоалет – за жал тоа не е само интересно име на ресторан, туку и начинот на кој се јаде. Во овој ресторан можете да јадете супа од тоалетна школка. Најголемиот проблем на овој ресторан кој можеме да го замислиме (освен тоа дека јадете од тоалетна школка) е кога некој ќе се збуни и ќе помисли дека е некој јавен тоалет.
httpv://www.youtube.com/watch?v=RNvmfmZqd9I
6. Вечната вечера – некои луѓе по погребот одат кај “Веселиот мртовец” на пијалок, а некој во “Вечност” на вечера. Разликата е, пшретпоставуваме во декорацијата. Ресторанот Вечност изгледа огромен леш без прозори. Внатрешноста не е ништо различна – на масата има посмртни венци, а зидовите се обложени со црна пластика.
7. Ресторан опасен по живот – Fortezza Medicea е многу ексклузивен ресторан во Италија за кој се чека неколку недели за резервација однапред, а гостите не смеат да имаат мобилни бидејки ќе мора да го поминат претресот. Причината за необичното детално претресување не е прекрасната храна, туку локацијата и вработените – во прашање е затвор во кој ви готват и ве послужуваат затвореници. Секако, се јаде од пластични вилушки и ножеви, а на сигурноста се грижат повеќе од 20 чувари кои се добро вооружени.
httpv://www.youtube.com/watch?v=W-gAstdAzGU
8. Безимена урбана легенда – во Јапонија, кружи приказна дека постои место каде прво можете да одберете животно и да имате сексуален однос со него и потоа да го предадете да ви го припремат како оброк. Измислениот клуб кој би требало да се наоѓа во Токио веќе бил и во вестите, а некаде дури и претерано сериозно го сватиле тоа.
9. Кој се плаши од темнината – Британскиот ресторан “Dans le noir” носи посебно доживување на постојаниот страв со едноставна метода – гостите јадат во потполен мрак, а нив ги служат слепи лица. Ако не прашувате за совет, доколку се најдете таму, немојте да нарачате топла супа.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Xu4szbNFPwM
10. Четвртиот рајх – претпоставуваме дека ова е сигурно најневкусниот ресторан од сите. Soldatenkaffee во Бандугд во Индонезија е посветен на Хитлер како икона на поп културата. Конобарите се облечени како војници, а по зидовите висат фотографии од Хитлер и неговата војска. Без разлика што сопственикот Хенри Мулиан нагласил дека не ја поддржува Хитлеровата идеологија или нацизам, поголемиот број на луѓе ја осудиле и самата идеја за отварање на таков ресторан.
httpv://www.youtube.com/watch?v=zCNXSQbjej0

You must be logged in to post a comment Login