Купите за себе квалитетен саат, капа и торба и бидете секогаш дама. Доколку имате над 30 години а не ја знаете оваа тајна за секоја жена, сега е време да ја откриете. Тајната на добриот изглед е пратење на модата е во тоа да имате неколку ситници во кои ќе вложите, а се останато се само нијанси кои ги менувате. Независно дали сте тип кои носи штикли или ниски чевли, клучно е да ги одберете тие кои се добро дизајнирани и се секогаш во мода.
Одело
Дури и кога работите во окружение во кое можете по лежерно да се облакате, во ормарот просто морате да имате барем едно одело кое ќе ви стои одлично. Во него ќе изгледате шик, но и професионално во случај да морате да одите на работен состанок или разговор. Заштедете и дозволете си убав и класичен рачен саат кој секогаш добро ќе изгледа на вашата рака, отколку секоја сезона да фрлате пари за саати кои се во тренд.
Црвен кармин на усната
Не морате да го носите секој ден, но што може жената ја направи поелегантна од црвен кармин на усната?
Парфем
Дури и кога не сте љубител на парфеми, пронајдете лосион за тело или гел за туширање кој ќе биде ваш личен потпис.
Чанта
Инвестирајте барем во еден елегантен и класичен примерок кој никогаш нема да излезе од мода.
Првокласен зимски капут
Капутот со неутрална боја и од квалитетен материјал ќе ви послужи на долги стази и со години ќе го имате.

You must be logged in to post a comment Login