Кралицата Елизабета Втора летово ќе прослави 70 години како ја носи титулатa,а денес е нејзиниот 96-ти поденден.
Бакингемската палата сподели симпатична фотографија од кралицата по повод нејзиниот роденден!
Официјалниот профил на кралското семејство на Инстаграм објави фотографија од минатото кога кралицата имала две години и ја раскажа приказната за тоа како малата Лилибет „неочекувано“ станала кралица.
Среќен роденден Ваше Височество!
„Денес, кога кралицата наполни 96 години, ја споделуваме оваа фотографија направена кога таа имаше 2 години.Принцезата Елизабета,беше најстарата ќерка на војводата и војвотката од Јорк и никогаш не се очекуваше да стане кралица. Нејзиниот живот се промени во 1936 година кога нејзиниот вујко, кралот Едвард VIII абдицира, нејзиниот татко стана крал Џорџ VI, а младата принцеза стана наследничка.
„По тажната смрт на нејзиниот татко во 1952 година, принцезата Елизабета стана кралица Елизабета Втора на само 25 години, а оваа година слави 70 години на тронот – прва во британската историја“, се заклучува во белешката.