Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Triumph лансира мотор во чест на Стив Меквин

Стив Меквин отсекогаш имал љубов кон моторите на Triumph, и според сите извештаи, тоа чувство било обострано…

Британскиот бремд на мотори штотуку претстави уште еден модел инспириран од славниот актер, ексклузивниот Scrambler 1200 Steve McQueen Edition. Врз основа на премиум варијантата на моторот XE, ограниченото моторно возило со две тркала ги доби лајвлите и додатоците инспирирани од моделот Triumph што го возеше Меквин во еден од најпознатите филмови досега, The Great Escape.

Благодарение на главните улоги во филмови како Bullit и Le Mans, Меквиновата љубов кон брзината е широко позната, како кај љубителите на филмови, така и кај љубителите на мотоцикли и автомобили. Неговата љубов не била фокусирана само на возила со четири тркала, бидејќи актерот особено го обожаваше својот 1938 Triumph 5T Speed Twin 500. Исто така, ги возел моделите TR6 во познатата скок сцена The Great Escape, а таа адреналиснка уметност сè уште се смета за една од најдобрите некогаш фатени на камера, шеесет години подоцна.

Она што навистина го издвојува изданието Стив Меквин од другите е неговата единствена шема на бои и додатоци. Резервоарот е финиширан со богата нијанса на Competititon Green, инспириран од познатиот TR6, со рачно насликани златни ленти, четкички за на колена и налепници кои не поврзуваат со ерата на шеесеттите години. Другите ексклузивни детали вклучуваат преден и заден браник во иста боја, кафено кожно седиште, решетка за ладилник и потпис на познатата филмска sвезда.

Остатокот од моторот е практично идентичен со моделот Scrambler 1200 XE, и со добра причина – премиум варијантата е едноствно сјајна сама по себе, со течен ладен 1.200 паралелен двоен мотор, шестстепен менувач, тубуларна челична рамка со алуминиумски детали , прилагодлива Show вилушка од 47 mm, Ohlins заден амортизер со твин опруги и Brembo кочници. Самиот Стив Меквин веројатно би обожавал ваков мотор.

Scrambler 1200 Steve McQueen е достапен од овластени трговци на брендот Triumph, додека е ограничен на само 1.000 парчиња. Почетната цена на овој мотор е 16.400 долари, што е само 1.000 долари повеќе од оригиналниот Scrambler XE.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Откако се збогувавме со модната недела во Њујорк и сега со нетрпение ги очекувавме ревиите во Лондон, Милано и Париз, решивме уште еднаш да...

Green Tea

Тим Бенгел го создаде најскапиот тост од авокадо во светот. Се проценува дека вреди околу 3 милиони американски долари. Тим Бенгел го направи најскапиот...

Fine Living

Приватните авиони се дел од секојдневниот живот на најбогатите луѓе во светот, но очигледно, овој модел ќе биде достапен само за некои од нив…...

Fool Moon

19-годишникот е фудбалер на Форт Лодердејл. Ромео Бекам во моментов живее во Мајами, откако ги заврши студиите во Обединетото Кралство на почетокот на оваа...

Advertisement