Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Tesla во светот на моторите – Curtiss One

Американскиот бренд на мотори, Curtiss Motorcycles, го претстави својот прв целосно електричен модел, наречен One…

Претходно позната како Confederate Motors, историјата на овој бренд со седиште во Алабама може да се најде до нејзиниот оригинален основач, Глен Куртис, кој започнал да произведува мотори од далечната 1902 година. Славниот пионер остави свој белег во учебниците по историја во 1907 година, кога го провозел својот легендарен V8 мотор, со тогашна рекордна брзина од 219 километри на час.

Најновата креација на познатиот бренд ја содржи есенцијата на моторот кој собори рекорди, со помош на иновативен дизајн и погонска група. Пред четири години, брендот Curtiss Motorcycles одлучи да го смени својот имиџ и филозофија и да се посвети на производство на електрични мотоцикли во партнерство со компанијата Zero Motorcycles. One е првиот сосема нов модел на Curtiss во последните 115 години, и како таков, тој е ограничен на само 15 единици, прославувајќи го наследството на Глен Куртис.

Како и неверојатните мотори на Confederate што можевме да ги видиме со текот на годините, дизајн новитетот е насочен пред се и на возачот. Секој мотор е направен по мерка за да одговара на неговиот сопственик како совршено скроена ракавица. Производителот исто така вели дека Curtiss One е развиен да „вози без вообичаени главоболки што доаѓаат со традиционални егзотични машини“. Создаден е за да понуди најчисто можно возење, кое ќе биде тивко, мазно, пријатно и прецизно, без дистракција.

Тука нема трансмисија или менувач, додека неговата моќност се пренесува директно од електромоторот на задното тркало со помош на ремен, што го прави возењето практично беспрекорно. Електричниот мотор произведува максимум 120 коњски сили и се напојува со пакет батерии со течно ладење. Сепак, засега нема информации за неговиот преоден опсег.

Моторот тежи 212 килограми, што е за околу 50 килограми полесен од која било друга машина со која може да се спореди. Пакувањето на батеријата и моторот се исто така оптимално интегрирани во шасијата за подобро ракување, перформанси и полесна маневрирање.

Ограниченото издание ќе чини 115.000 долари, додека првите испораки се закажани за ова лето. Ќе се произведува и подостапна верзија на овој електричен мотор, ограничена на сто единици секоја година. Купувачите ќе можат да ги купат за 81 000 американски долари, а датумот на испорака започнува следната година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Чоколадна торта е, сите ќе се согласат, вистинска класика меѓу десертите, така што има малкумина кои не сакаат деликатеси со чоколадо. Искусната француска готвачка...

Cotton Club

Модерен капут е главната набавка на новата пролетна сезона. За тоа сведочат не само колекциите на брендови, туку и фотографиите од уличен стил на...

Cotton Club

Долче и Габана е една од оние брендови од кои однапред знаеме што да очекуваме. Или така мислевме. Сицилијански мотиви, сензуални фустани, долна облека...

Fool Moon

Филмската награда за најдобра режија ја доби Клои Жао за филмот „Nomadland“ на Златниот глобус во 2021 година и таа стана првата жена со...

Advertisement