На овогодинешниот саем CES Во Лас Вегас, Harman, кој е во сопственост на Samsung се претставени нови функции:Ready Vision користи проширена реалност, како и друг софтвер чии сензори овозможуваат сликите да се проектираат директно на шофершајбната.
Во практичен пример, тоа би значело дека возачот може истовремено да гледа на мапата (која е проектирана на стаклото) и на патот напред, што значително ја зголемува безбедноста, имајќи предвид дека гледањето во телефонот додека вози е едно од главните причини за сообраќајни несреќи пишува Mashable.
Ready Care, од друга страна, е кулминација на достигнувањата направени со проучување на човечкиот мозок, вештачката интелигенција и машинското учење, а идејата е системот да детектира кога возачот е расеан.

Со помош на сензори и камери, системот го следи однесувањето на лицето зад воланот, за да може да интервенира доколку забележи дека возачот не е целосно концентриран на возењето.
Од компанијата велат дека двете функции се внимателно тестирани и дека веќе напролет би можеле да се најдат во автомобилите.