Неверојатен рекорд беше поставен во Њу Орлеанс, поточно, за најбрзиот автомобил во затворен простор.
Горд сопственик на тој рекорд е Porsche Taycan Turbo S, а зад воланот беше професионалниот возач на трки Ли Кин и тој го постави рекордот за само неколку секунди.
Местото каде „падна“ тој рекорд е внатре во Центарот за конвенции Ернест Н. Мориал во Њу Орлеанс, во американската држава Луизијана.
Патеката во Големата сала беше обележана со „столбови“ од сообраќајот и беше опкружена со бетонски столбови и претставуваше една долга и права линија во рамките на која Тајкан требаше да забрза од своето место до нов рекорд и да застане пред да удри во ѕид.
Ли Кин постави нов рекорд со 165 км на час на патеката долга 488 метри, а тоа го потврдија и претставниците на Гинисовата книга на рекорди.
Еве како изгледаше: