Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

MINI го претстави Vision Urbanaut: Необичен дизајн и врвна удобност (ВИДЕО)

Во серијата футуристички концептни возила се приклучи и MINI Vision Urbanaut, автономен миниван на британската компанија, под капата на BMW.

Дигиталните рендери покажуваат дека дизајнерите имале на ум само едно – простор. Во кабината има четири седишта – предните се вртат, а возачкото е претворено во удобен кревет!

Интересен е и системот на отворање (лизгање) на вратите, како и фаровите што се кријат додека не ги вклучите. Ветробранското стакло се отвора нагоре, и е замислено како еден вид „чардак“.

Компанијата ја проширува својата понуда

Кога станува збор за погонот, спецификациите не се познати, освен дека е електричен. MINI е сè уште на почетокот кога станува збор за новите технологии, но очигледно ќе ја прошири својата понуда. Во моментов, тој го вклучува електричниот Cooper SE, додека новата генерација на Countryman има plug-in хибридна верзија.

Концептното возило е замислено како автономно, но постои можност возачот да преземе контрола кога сака.

Можете да го видите MINI Vision Urbanaut како „дневна соба на тркала“, а деталите придонесуваат за атмосферата и удобноста на патниците.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Првата зима и последниот месец од годината може да бидат ладни, но тоа не значи дека треба да се откажеме од модата. Најдовме феноменални...

Wall Street

Лондонското студио за дизајн, кое претстави неколку концепти на авионски седишта во ерата на вирусот корона, овојпат нè воодушевува со својата нова идеја. Всушност,...

Cotton Club

Скоро осум милиони тони пластика завршуваат во нашите океани секоја година и сочинуваат 80% од морскиот отпад што се заканува на површините на нашите...

Green Tea

Бидејќи повеќето жени ја запоставуваат грижата за кожата за време на нивната младост, тие се борат во текот на 40-тите и 50-тите години да...

Advertisement