Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Aston Martin го лансира најскапиот тркачки симулатор на свет

Астон Мартин редовно нè изненадуваше со врвни автомобили во изминатите неколку години, и покрај фактот дека тие се борат со финансиски тешкотии од 2018 година.

Компанија која нема доволно пари, честопати е принудена да се потпре на својот клучен производ, фрлајќи во кожурец сè што е ново и неочекувано. Сепак, брендот Aston Martin го прави токму спротивното. Без разлика дали станува збор за подморницата „Проект Нептун“ или првиот мотор што ја носи нивната етикета, британската марка никогаш не престана да експериментира со диви проекти.

Најновиот проект што спаѓа во оваа категорија доаѓа во форма на тркачки симулатор, истовремено означувајќи го и пробивот на славната марка во профитабилниот свет на видео игри. Наречен AMR-C01 Racing Simulator, оваа новина е создадена во соработка со луксузниот производител Curv Racing Simulators, давајќи им можност на гејмерите и љубителите на брзото возење да ги подобрат своите тркачки вештини во виртуелниот свет.

Тркачкиот симулатор е конструиран на карбонски монокок и, наводно, има иста поставка на седиштата што можеме да ја видиме во суперавтомобилот „Valkyrie “. Целата структура нè потсетува на ајкула, гледајќи од напред и од страна. Имајќи предвид дека е развиен во соработка со возачот на Астон Мартин, Дарен Тарнер, кој работеше на симулатори во Формула 1 20 години, AMR-C01 нема да има ни малку сличност со другите вообичаени gaming setups што може да ги видиме.

„AMR-C01 е заснован на убов кон трките. Создадовме домашен симулатор со неверојатни детали и димензии, што ќе им даде на корисниците можност да си поминат одлично тркајќи се во виртуелниот свет, од удобноста на сопствениот дом. Нашата цел беше да создадеме симулатор кој ќе ви овозможи уживање, како и вистински трки. Трките се навистина забавни и одлично е да се види како тие го добиваат своето место во областа на е-спортовите “, рече Тарнер.

Секој симулатор на Astom Martin е рачно составен, опремен со најсовремен хардвер и најнов софтвер Assetto Corsa. Ако сакате некој од нив да биде ваш, знајте дека чинат 74 000 УСД и дека ќе бидат произведени само 150 примероци.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Славниот писател објави 25 „упатства за среќа“ на својот блог, врз основа на цитати од неговите познати книги како „Алхемичарот“, „Дневникот на волшебникот“ и...

Cotton Club

Не толку одамна, американскиот бренд Rowing Blazers го лансираше легендарниот џемпер „Принцеза Дајана“ со слатки овци. Не е тајна дека Лејди Ди била икона...

Fool Moon

Ако го обожававте филмот Титаник, секакo не заради трагедијата, туку заради искрената љубовна приказна на Роуз и Џек, или цел живот сонувавте дека ќе...

Four Seasons

Светли бои како портокалова, тиркизна и розова, симетрија, носталгија за минатото во старите возови, телефонски штандови и заборавени сообраќајни знаци, хотели и светилници …...