Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Џастин Бибер се здружува со „Vespa Piaggio“ во нова и креативна соработка

Vespa Piaggio ја објави веста за претстојната соработка со неверојатниот талент Џастин Бибер.

Во 2022 година, два многу различни, но поврзани креативни брендови ќе ги здружат силите за да создадат нов модел на Vespa на кој никој нема да може да му одолее. Веруваме дека во 2022 година ќе видиме веспа со ликови од Drow House, модната куќа на Џастин, како што тоа го направи во соработка со брендот Crocs.

Со само 27 години, Џастин Бибер се прослави не само во музичката индустрија, туку и во модата, а од неодамна и во индустријата за храна и пијалаци. По неговата најнова соработка со брендот Balenciaga и Tim Hortons, италијанскиот бренд за луксузни скутери Vespa Piaggio најави невидена соработка за 2022 година со поп сензација.

Низ годините, Џастин е забележан како вози веспа, покажувајќи дека е љубител на скутери и овој проект е неизбежен. Во ова партнерство, Џастин Бибер им оддава почит на стилот и дизајнот – неговиот постојан извор на инспирација – давајќи свој шмек на класичниот италијански бренд.

„Моите обожаватели знаат колку го сакам спортот: скејтбординг, хокеј, кошарка, BMX“, изјави познатиот пејач. „Отсекогаш ме привлекуваше таа мешавина на стил, грациозност и брзина. Возбуден сум што можам да го направам култниот дизајн на италијанската веспа“.

Соработката на Justin Bieber x Vespa треба да биде претставена во февруари 2022 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Има голема разлика во годините меѓу овие познати парови, но иако се на мета на секојдневни критики, нивната љубов нема граници. Големата разлика во...

Green Tea

Дали знаевте дека ова овошје е природен лек за холестерол, крвен притисок и циркулација? Во написот што следи откријте ги сите негови придобивки за...

Cotton Club

Денот на вљубените е совршена можност да се препуштите на љубовта, а доколку сакате малку да ја подигнете температурата и да го направите овој...

Wall Street

Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна...

Advertisement