Германската дизајнерка Ања Дидричисон ја заинтригираше јавноста со концептот Спирит, инспириран од визијата на BMW Motorrad, оддел на баварскиот гигант за мотори.
Идејата изгледа едноставна – сопственикот и двоточкашот (вештачка интелигенција) постигнуваат симбиоза на патот, а машината се прилагодува на кривините, со помош на механички скелет. Но, со ова само ја изгребавме површината!
Ќе помине некое време пред оваа технологија да стане реалност. Дотогаш, уживајте во видеото и проектот што целосно нѐ освои!