Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Стивен Спилберг ја продава својата прекрасна јахта

Филмовите на Стивен Спилберг, славен режисер и трикратен добитник на Оскар, заработија повеќе од 10,1 милијарди долари ширум светот.

А сега неговата суперјахта долга 85 метри ќе му донесе неверојатни 160 милиони долари. Славниот режисер ја доби својата јахта, именувана како Seven Seas, во 2010 година, создадена како дело на брендот Oceanco и содржи четири палуби, резервоар со 170 000 литри свежа вода, резервоар за гориво со зафатнина близу 300 000 литри и преоден опсег од 8.500 километри. Според онлајн материјалите, јахтата Seven Seas е конструирана во согласност со спецификациите на сопственикот, додека неговиот внатрешен дизајн и декор се потпишани од Nuvolari & Lenard и Molly Iskasen.

Таа не е опремена само со базен, туку има повеќе спа оддели, со вкупно 17 телевизори и паметна технологија што е лесна за ракување, но исто така е потребен и екипаж од 28 члена за непречено пловење на морињата и пресекување на брановите.

Главниот салон со дрвени панели се наоѓа во близина на станот на сопственикот и е приближно со големина на балска сала. Оваа област располага со повеќе места за седење, големи телевизори и бар со свежо точено пиво Гинис.

Трпезаријата на величествената јахта има стаклени sидови што се отвораат кон палубата од тиково дрво, што е совршено за ал-фреско јадење или коктели по вечерата. Просторот во кабините за гости исто така не е скромен – секој од нив е простран, содржи гардероби, работна маса и сопствено купатило.

Станот на сопственикот, односно просторијата во која Спилберг спиел, планирал и создавал, има приватна едноставна канцелариска просторија. Станува збор за кабина со целосна ширина, со разни оддели за седење и гломазна гардероба, со неизбежна приватна бања, која е со големина на некои главни апартмани, како што можевме да видиме на други, малку помалку луксузни јахти.

Една од главните придобивки на јахтата е нејзиното врвно приватно кино, комплетно со луксузни софи и големо пијано.

Љубителите на фитнес кои не сакаат да ги прескокнуваат своите секојдневни вежби дури и кога се на одмор, можат да уживаат во фитнес-просторијата и спа-просторот, која е опремена со просторија за масажа, сауна и парна просторија.

Конечно можеме да кажеме дека Стивен Спилберг навистина знае како да ужива.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Секоја боја има посебно значење, а според психологијата на бојата, нашата омилена нијанса може да открие многу за нашиот карактер и живот. Астрологот Мишел...

Green Tea

Артичоката е една од основните состојки на медитеранската исхрана. Овие фотогенични пупки се всушност еден вид на диво трнливо растение (чичка), иако честопати ги...

Fine Living

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари. Езерската вила е изградена во 2006...

Fool Moon

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод! Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов...

Advertisement