Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

На продажба најелегантното Lamborghini – Murcielago Versace

Lamborghini произведе голем број специјални верзии на Murcielagо за време на десетгодишниот период на производство на овој суперавтомобил, а моделот Versace е еден од најинтересните.

Дизајниран е во соработка со италијанскиот моден бренд Versace, а произведени се само 20 примероци. Ова е едно од само 12-те произведени со волан од левата страна.

Внатрешноста е тапацирана во комбинација од црно-бела кожа, која има плоча со бројот на автомобилот, додека од надворешната страна на вратата се наоѓа уникатно лого.

Клиентите можеа да го нарачаат автомобилот во црна или бела боја, а првобитниот сопственик го надоградил со Reventon фелни – бандажи.

Исто така, направил неколку модификации, па автомобилот доби преден браник со уникатен изглед со поистакнат „сплитер“, продолжени прагови, истакнат фиксиран заден спојлер, издувен систем што ви овозможува да го менувате звукот со едно притискање на копче, и 6,5-литарскиот атмосферски V12 мотор на Lamborghini сега развиваат 680 КС наместо стандардните 631 КС.

Автомобилот е произведен во 2008 година, но е регистриран дури во 2012 година. Досега има поминато околу 10.000 километри. Цената на автомобилот е 703.000 долари, што е повеќе од чудно бидејќи слична копија неодамна е продадена за 149.500 евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Кампањата на Мајкл Корс „the eye has to travel“, есен/зима 2021 година, оди кон Бруклин и Квинс. Моделите Бела Хадид, Синди Бруно и onерон...

Wall Street

Според новиот извештај објавен од Brand Finance, 50 светски луксузни и премиум брендови загубија колективна вредност од 7,6 милијарди долари минатата година и економскиот...

Four Seasons

Поради недостаток на патишта во Гимелвалд, жичарата Шилторн застанува, а има и екстремна пешачка патека опремена со челични скалила… Доколку сакате да уживате во...

Fine Living

Откако ги освои медиумските платформи, Елиса Капито работи во областа на архитектурата во последните неколку години, стекнувајќи го потребното знаење за внатрешен дизајн. Активна...

Advertisement