„Целиот свет на луксузни автомобили се менува. Веќе не се само автомобили, тоа е мода, сè…“
Откако лани престижниот британски бренд забележа пораст на добивката од 754 милиони долари, сега доаѓа потврдата за најдобриот прв квартал досега, во кој е остварена оперативна добивка од 232 милиони долари (216 милиони евра).

Извршниот директор на Bentley, Адријан Халмарк ја откри тајната.
„Нашите клиенти сакаат да ги персонализираат своите возила со посебни бои и други детали. Клиентите можат да изберат помеѓу 62 бои за автомобили или, на пример, 43 типа на кожа што ги нудиме.
Значи, тоа е целосна промена во конфигурацијата на возилото.

И наместо основните варијанти, тие купуваат верзии од високата класа, како што е Speed верзијата на Continental GT.
Како што пренесува CNBC, просечната цена на моделите на Bentley е зголемена за 40 отсто, а повеќето од нив се дополнителни опции.
Целиот свет на луксуз се менува. Веќе не се само автомобили, тоа е мода, се…
Ако клиентите потрошат толку пари на нешто, тие повеќе би сакале да платат малку повеќе за надградба или дополнителна опција за да имаат нешто навистина посебно“ – заклучувa Халмарк.