Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Погледнете како најбрзиот Голф два во светот лета со 340 км на час! (видео)

Собирот за автомобили на љубителите на тјунингот Race1000 неодамна собра неколку навистина брзи машини во Германија, а меѓу големиот број се тјунирани автомобили, каде најголемо внимание привлече навидум обичниот Golf 2.

Да, еден „буџетски аут“ стана убедливо највозбудливиот автомобил на настанот!

Голфот, на прв поглед, изгледа како добро сочуван млад-тајмер, а само подобрите познавачи ќе го забележат огромниот интеркулер зад предниот браник. Индикации дека не е сосема вообичаено, има голема издувна цевка и „roll cage” во кабината. Сепак, овој голф 2 е во состојба буквално да „јаде“ модерни супер-автомобили за појадок!

Безвременскиот хечбек, кој официјално е означен како Golf 2 R33 Turbo, под хаубата крие мотор со неверојатни 1.300 коњски сили, што е за „само“ 200 помалку од Bugatti Chiron.

Бројни модификации извршени на него, му овозможија да достигне брзина од неверојатни 340 километри на час во трката за забрзување до половина милја (804 метри).

Благодарение на овој резултат, овој „куршум на тркала“ стана најбрзиот Голф 2 во светот.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Кинеската астрологија, како и класичната западна астрологија се состои од 12 хороскопски знаци. Според кинеската астрологија, секоја година управува одреден знак, кој секогаш се...

Green Tea

УН Диета – Воведни забелешки Строгото спроведување на оваа диета доведува, покрај слабеењето, и до промена на метаболизмот, така што изгубената тежина не се...

Fool Moon

Кога се споменува убавината, многумина прво помислуваат на Наоми Кембел. Започнала да се бави со манекенство на 15-годишна возраст, а статусот на супермодел го...

Fool Moon

Риалити ѕвездата и мега успешната деловна жена, Ким Кардашијан откри во разговорот со легендарниот Дејвид Летерман како заработува пари на најлесен начин. Иако на...