Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Не е убав, но корисен: Првиот електричен автомобил покриен со соларни панели излегува во производство!

Производителот ветува бесплатна енергија за просечно 112 километри дополнителен опсег неделно или за 5.800 километри возење годишно.

Германскиот старт-ап за електрични автомобили Sono Motors ја претстави сериската верзија на својот соларен автомобил Sion. Целосно покриен со соларни ќелии, треба да произведува сопствена електрична енергија. Лансирањето на пазарот е планирано за есента 2023 година.

Посебната карактеристика на Sion останува неговото тело покриено со соларни ќелии. На сонце, фотоволтаичната технологија ја полни батеријата, која може да се полни и во штекер.Производителот ветува бесплатна енергија за просечно 112 километри дополнителен опсег неделно или за 5800 километри возење годишно.

Вградената батерија има капацитет од 54 kWh, што би требало да биде доволно за околу 305 километри возење. Приклучокот Wallbox се полни до 11 kW, додека максималната брзина на полнење на DC полначот е 75 kW. Почетната цена треба да биде нешто пониска од 30.000 евра.Sion ќе го склопува финскиот договорен производител Valmet, а пред да излезе на пазарот, Sono планира да произведе 16 функционални автомобили за тест возења и 21 каросерија за тестови за судари. Можеби никој нема да каже дека овој автомобил е прекрасен, но може да се покаже како корисен…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Денес овој плоштад повторно блесна, а благодарение на граѓаните и властите кои го зачуваа неговиот историски шарм и автентичност, ја носи титулата најголем средновековен...

Green Tea

И покрај тоа што веќе е во шестата деценија, сепак изгледа многу подобро од многу девојки во триесеттите години. Никол Мичел Марфи, поранешна манекенка...

Route 66

Во текот на изминатите три години од своето основање, Little Car Company со седиште во Велика Британија се прослави со создавање прекрасни, рачно изработени...

Fool Moon

Актерката Скарлет Јохансон (37) е на одмор со пријателите и сопругот Колин Џост на јахта во Хемптонс, а во оваа прилика познатата русокоса предизвика...

Advertisement