Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Најскапиот подарок за Денот на вљубените – Bugatti Chiron во розова боја

И покрај тоа што Денот на вљубените заврши, многумина од нас се уште се импресионирани од подароците или гестовите што се добиени, како знак на посветена љубов…

Повеќето луѓе на планетата би скокале од радост кога би добиле подарок Bugatti, но во паралелниот универзум на најбогатите, ситуацијата е сосема поинаква. Така една млада дама добила поклон розово-бел Bugatti Chiron како подарок од својот љубовник. Алис е уникатен модел на Bugatti Chiron Sport кој нејзиниот сопруг го нарачал специјално за неа, а што е уште поинтересно, во свилена розова нијанса никогаш не била користена на ниту еден модел на Bugatti.

Јасно ни е – ерата на романтичната вечера под светлоста на свеќа, цвеќиња и чоколади е веќе поминато, освен ако сите овие додатоци не беа безбедно вметнати во багажникот на овој суперавтомобил. Со цена од 3,3 милиони долари, моделот е нарачан од H.R. Owen во Лондон, а сопственикот тесно соработуваше со дизајнерите на брендот од Франција за совршено да ја воодушеви својата сопруга со креацијата.

Идентитетот и на господинот кој го нарачал овој модел и на неговата сопруга останаа обвиткани во тајност – иако можеме да претпоставиме дека нејзиното име е Алис, бидејќи е отпечатено на потпирачите за глава на седиштето.

Кен Чу, извршниот директор H.R. Owen од изложбениот салон изјави: „Чест ни е што игравме важна улога во поврзувањето на нашиот клиент со неверојатниот модел Chiron Sport. Клиентот со нас контактираше со јасна естетска визија и ние сме воодушевени што можеме да одговориме на сите негови потреби и да го создадеме најамбициозниот модел досега “.

Што ќе ѝ поклони господинот на својата драга следната година, останува да видиме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Популарниот гастро-блогер Саша Вукиќ, кој стои зад кујната на блогот Саша, редовно споделува вкусни рецепти со своите верни следбеници, а ние го привлековме вниманието...

Green Tea

Каролина Меколи од Перт во Тик Ток објави како да го исчистите шишето со вода што го користите секој ден, користејќи вода и алкохолен...

Cotton Club

Ултимативниот сон на сите модели до пред само неколку години беше да стане „ангел“ на Викторија, но откако во јавноста протекоа информации за токсичната...

Fool Moon

Месечината, планетата која најбрзо се движи низ еден знак и најсилно влијае на нашите промени во расположението, ќе биде полна на 27 февруари во...

Advertisement