Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Можност за сите колекционери – Се продава ултра ретка Pagani Zonda Revolucion

Pagani Huayra постои веќе десет години, и колку да е импресивен, сепак не успеа да ја победи славната Zonda…

Неговата популарност ја докажува и самиот бренд Pagani, која продолжува со продажба на уникатни копии. Сега, вие или некој што го познавате кој има доволно длабок џеб и страст кон автомобилите, може да поседувате редок модел на Zonda Revolution. Всушност, Pagani создаде само пет примероци од автомобилот Zonda Revolucion, а моделот за кој зборуваме денес се продава на аукција.

Италијанскиот бренд го представи Revolucion кон средината на 2013 година, а се верува дека предметниот модел е единствениот што добил надворешен син карбонски финиш. Фактот дека луѓето од брендот Pagani се вистински мајстори во работењето со карбон, ја прави оваа Zonda веднаш да се истакне во морето на сличност, доколку такво море постоеше.

Автомобилот наменет исклучиво за трки содржи и разни делови украсени со традиционален карбон, додека надворешноста исто така доби разни светлосини детали. Очигледно, тој што го нарачал овој модел на Zonda Revolucion има одличен вкус, бидејќи сините акценти се прелеваат во кабината на возачот, каде што седиштата се обложени со двобојна сина кожа Алкантара. И другите делови од кабината се завршени во сина боја, исто како и неколку часовници на контролната табла. Остатокот од ентериерот е завршен со карбон.

Имајќи ги предвид цените по кои ќе се продава ретката Pagani Zonda во блиска иднина, очекуваме моделот Revolution да достигне најмалку 5 милиони долари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Секоја боја има посебно значење, а според психологијата на бојата, нашата омилена нијанса може да открие многу за нашиот карактер и живот. Астрологот Мишел...

Green Tea

Артичоката е една од основните состојки на медитеранската исхрана. Овие фотогенични пупки се всушност еден вид на диво трнливо растение (чичка), иако честопати ги...

Fine Living

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари. Езерската вила е изградена во 2006...

Fool Moon

Албумот ќе биде посветен на нејзиниот развод! Одлична вест за обожавателите на Адел: извор близок до пејачката соопшти дека многу скоро ќе издаде нов...

Advertisement