Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Летечки болиди наместо Формула 1: Футуристички „Carcopter“ согорува водород, а развива брзина преку 250 km/h (ВИДЕО)

Конструкцијата е направена од карбонски влакна и дрво.

Француската компанија Maca во 2022 година ќе го тестира тркачкиот болид Carcopter кој развива брзина до 250 km/h, но не ја загадува околината.

Летечкиот болид троши водород и произведува малку бучава за разлика од „злобните“ четири тркала што ги возат Луис Хамилтон и другите возачи на Ф1.

Компанијата верува дека трките во Carcoptera можат да станат официјален спорт и да го заменат „најбрзиот циркус во светот“ во иднина.

Премиера во Лас Вегас
Maca S11 Carcopter беше претставен за време на саемот за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас. Каросеријата е изработена од метал, а конструкцијата е изработена од карбонски влакна и дрво.

На проектот француската компанија соработувала со Airbus, а посочуваат дека Carcopter на пазарот ќе пристигне следната година.

За потсетување, уште еден производител планира да се „конкурира“ со Формула 1. Минатата година Alauda го претстави првиот електричен (тркачки) автомобил Mk3, наменет за шампионатот Airspeeder.

Тестирањето беше успешно реализирано во пустината на Јужна Австралија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Има голема разлика во годините меѓу овие познати парови, но иако се на мета на секојдневни критики, нивната љубов нема граници. Големата разлика во...

Green Tea

Дали знаевте дека ова овошје е природен лек за холестерол, крвен притисок и циркулација? Во написот што следи откријте ги сите негови придобивки за...

Cotton Club

Денот на вљубените е совршена можност да се препуштите на љубовта, а доколку сакате малку да ја подигнете температурата и да го направите овој...

Wall Street

Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна...

Advertisement