Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Легендарниот руски теренец никогаш не изгледал попривлечно!

Новата специјална верзија на култната Нива ќе се вика Lada 4X4 Urban Black и ќе има цена пониска од 7.000 евра.

Лада одлучи да го направи својот најдолговечен модел попривлечен во сегашната понуда. Ова не е прв пат легендарната Нива да го добие своето специјално издание, но нејзината последна верзија може да се сфати како начин да се задржи позицијата на пазарот по цели 44 години производство, за една година кога пандемијата на вирусот корона силно го погоди глобалниот пазар на автомобили.

Новата специјална верзија на култниот теренец ќе го носи името Lada 4X4 Urban Black. Според веб-страницата Car.ru, не се објавени многу информации за новата Нива, но судејќи според фотографиите од официјалната веб-страница, „старата „Каља“ изгледа привлечно.

Теренецот, за кој многу љубители на автомобили сметаат дека е првиот SUV досега, доби 16-инчни црни али-ферни тркала, како и црни тонови кои доминираат во надворешните елементи, што е наведено од табличката со натпис „Black“.

Што се однесува до другата опрема, се претпоставува дека Black се потпира на најлуксузно опремената верзија на Lada 4×4 Urban Luxe, која на клиентите им нуди во основниот пакет опрема климатизација, системи за безбедност (ABS / EBD / BAS), серво волан, електрични прозорци, предни грејачи седишта, електрично прилагодливи ретровизори со грејачи, светла за магла …

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Се чини дека бојата на лавандата не е само една од најмодерните оваа зима – таа е нов кралски тренд. Во секој случај, оваа...

Green Tea

Сите сакаме рамен стомак, но многумина не успеваат да ги отстранат мастите. Диетата значително влијае на нашата линија, а има и храна што ја...

Fool Moon

Пејачката Ријана е повторно среќно заљубена. Избор на поп дивата е раперот Асап Роки (A$AP Rocky), со кого е пријателка подолго време. Минатиот викенд,...

Fine Living

Хотелот Huus Gstaad ги отвори своите врати во декември 2016 година, каде веќе е меѓународно познат и има редовни посетители… Овој комплекс на сместувачки...

Advertisement