Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Конечно дознаваме: Зошто Леонардо ди Каприо се откажа од својот приватен авион

Леонардо ди Каприо повторно е во центарот на вниманието…

Оваа позната суперѕвезда последна пристигна на конференцијата на ОН за климатски промени COP26, а неговиот начин на транспорт до конференцијата го привлече вниманието на сите. Ди Каприо се откажа од својот сакан приватен авион и полета за Шкотска со комерцијален лет. Оваа одлука ја донел затоа што бил прогласен за еко лицемер поради користењето на неговиот ВИП авион кој остава голема количина јаглероден отпечаток.

Лео на шкотската конференција пристигна со комерцијален авион, придружуван од многу полицајци и телохранители. Носејќи очила за сонце и одело со соодветна маска, Ди Каприо, кој себеси се нарекува актер и еколог, беше придружуван низ голема толпа со помош на обезбедувањето, откако преку Лондон стигна до Единбург.

Актерот, кој присуствуваше и на конференцијата COP25 што се одржа во Мадрид во 2019 година, зборуваше на бројни настани, но, очигледно, не секогаш носеше толку мудри одлуки. Според наводите, во 2016 година бил масовно критикуван затоа што патувал со приватен авион за да му биде врачена награда за заштита на животната средина, оставајќи огромно количество јаглерод зад себе, заради сопствен комфор.

Иако апелираше до својата публика да се бори против климатските промени со заеднички напори, Ди Каприо придонесе за тоа бидејќи отишол со приватен авион да ја земе наградата само дваесет и четири часа подоцна.

Во тоа време актерот беше предмет на бројни критики, но очигледно ја научил лекцијата.

Приватните авиони продолжуваат да бидат главниот начин на транспорт до конференцијата COP26

Неколку ВИП гости, вклучително и принцот Алберт од Монако и голема група „зелени“ директори долетаа со своите приватни авиони на конференцијата, вклучувајќи го Џеф Безос и неговите богати другари.

Коментирајќи го феноменот, Мет Финч од Британската група за кампањи за транспорт и животна средина изјави: „Просечниот приватен авион, не само Air Force One, испушта два тони CO2 за секој час лет. Не можеме доволно да нагласиме колку се лоши приватните авиони за нашата природна средина. Ова е најлошиот начин на транспорт. Нашето истражување откри дека повеќето приватни воздушни патувања може да се вршат комерцијално.

„Приватните авиони се навистина престижни, но тешко е да се избегне лицемерието да се користи еден од нив, додека тврдите дека се борите со сите сили против климатските промени. Да го ставиме сето ова во разбирлив контекст: еден обичен граѓанин произведува околу осум тони CO2 годишно, земајќи го предвид нивниот транспорт и сето она што го консумираат, купуваат и трошат… Значи, политичар кој оди на далечна дестинација со приватен авион само на таа прилика произведува повеќе CO2 од обичен граѓанин за една година“.

Се проценува дека околу 400 приватни авиони ќе донесат повеќе од 1.000 светски лидери, бизнисмени и нивниот персонал на конференцијата COP26, а според извештаите, овие авиони ќе испуштаат 13.000 тони CO2 во атмосферата, што ќе создаде повеќе штетни гасови од 1.600 Шкотите произведуваат една година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement