Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Кинескиот ривал на Tesla

Пристигна новиот кинески електричен автомобил.

Долго време чекавме за кинескиот производител NIO да го лансира својот електричен седан. Неговото име е ET7 и се стреми да биде главен ривал на моделот S на Tesla.

Во Кина се продава за 378.000 јуани, што е околу 58.380 долари, но тоа е без батерии, кои се можеби најскапиот дел од автомобилот. Кога ќе ги додадеме батериите, автомобилот чини околу 448.000 јуани или 69.200 долари.

Задните светла се во форма на „срцеви отчукувања“, има и стаклен покрив, седиште со грејачи и масажери и напред и назад, а има и одличен аудио систем.

Неговата батерија е околу 70 kWh и од полнење може да поминете околу 500 km, додека околу 700 km може да се покријат доколку купите модел со батерија од 100 kWh, додека со батерија од 150 kWh ќе можете да поминете околу 1.000 km.

Во однос на моќноста, автомобилот има 644HP и 850Nm максимален вртежен момент, додека за 3,9 секунди достигнува „стотка“.

Подготвивме и неколку фотографии – уживајте

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Суви снегулкиЖитарките за појадок често содржат многу јаглени хидрати и шеќери. Како резултат, тие можат да доведат до скок на шеќерот во крвта што...

Cotton Club

Врската помеѓу принцот Чарлс и принцезата Дајана стана особено бурна кон крајот на нивниот брак. Кога синот на британската кралица конечно се увери во...

Route 66

Автомобилската индустрија можеби ја изгуби фантазијата за дизајнот во последните неколку години, но италијанските креативци сè уште се држат. Една од таквите дизајнерски куќи...

Fine Living

Безвременска, чиста и издржлива сива е една од боите што најчесто ја избираме за внатрешна декорација, а доколку сакате да внесете друга посилна боја...

Advertisement