Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Започна продажбата на суперлуксузна руска лимузина во вредност од 300.000 евра

Продажбата на рускиот луксузен автомобил Аурус Сенат започна откако моделот пристигна во салоните во Москва. Сите копии од овогодинешното производство веќе се распродадени, по цена од 24 милиони рубли, или нешто помалку од 289.000 евра.

Сериското производство на Сенат започна кон крајот на мај оваа година во фабриката во Јелабуга, Татарстан. Изложбениот салон Авилон, кој го продава Сенат, велат дека веќе се продадени 350 примероци, што е производствена квота за оваа година, а веќе се добиваат нарачки за моделите што ќе се произведуваат во 2022 година.

Сите нарачани модели се опремени со највисок пакет опрема, што во моментов е единствениот што се нуди, а единствената разлика помеѓу продадените модели е бојата на каросеријата.

Идните купувачи ќе можат да ја персонализираат опремата на овој суперлуксузен автомобил. Во моментов, единствената дополнителна опција е да купите блиндиран Аурус. Во тој случај, цената се формира поединечно, а времето на испорака може да биде најмалку осум месеци.

Аурус Сенат е долг 5,63 метри, тежи 2,8 тони и има меѓуоскино растојание од 3,3 метри. Има хибриден погон, со осум цилиндричен бензински мотор од 4,4 литри со двоен турбополнач. Вкупната моќност на моторот е 589 „коња“, со вртежен момент од 880 њутн метри на 2.200 до 4.750 вртежи во минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Многу сопственици на куќи денес, барем оние што можат да дизајнираат свој дом, избираат винарски визби како една од клучните простории… Кога треба да...

Wall Street

Просторот за криптовалути сега вреди над 2 трилиони долари, и сите од производители на автомобили од висока класа до луксузни туристички компании се борат...

Fool Moon

Пинк често се смета за женствена, несериозна, нежна, романтична … но низ историјата ја носеа моќни жени кои беа незаборавни во фустани во различни...

Cotton Club

Новиот простор од 800 квадратни метри ќе го содржи најдоброто од овој бренд, вклучувајќи колекции Ready-to-Wear, чанти, чевли и додатоци. Исто така, ќе содржи...

Advertisement