Неговата батерија обезбедува автономија до 80 километри…
Електрични велосипеди го преплавија светскиот пазар, а проценката дека повеќе од 130 милиони примероци ќе бидат продадени до 2023 година е одамна надмината.
Денес, пишуваме за новиот и иновативен модел на компанијата Vintage Electric и нивното чудо на две тркла – Tracker Classic.
Инспириран од мотоциклите на 20-тите години од претходниот век, како на пример Indian Daytona Racer, кое нуди ретро геометрија и изненадувачки моќна единица (750W).
Поседува „тркачки“ мод/систем
Велосипедот има неодолива линија, LED светла, „regenerative“ систем за сопирање и (опционален) „тркачки“ мод за максимална брзина од 58 км на час.
Батеријата (720Wh) обезбедува автономија до 80 километри, и го достигнува целиот капацитет по три часа полнење, пренесува Robb Report.
На следното видео, ќе се запознаете со Tracker Classic (цена 5.245 американски долари):