Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Електричниот Polestar 5 е полн со изненадувања: Новиот ривал на Mercedes и Audi пристигнува во 2024 (Видео)

Детали за погонската единица, опсегот и цената не се откриени.

Компанијата Polestar претстави електрична лимузина базирана на концептот Precept. Автомобилот пристигнува во 2024 година, а ќе биде директен ривал на другите луксузни возила (Tesla Model S, Mercedes-Benz EQS, Audi E-tron GT и Lucid Air).

Polestar станува се поинтересен играч на светскиот пазар и е во заедничка сопственост на Volvo и кинески Geely.

Современа опрема
Производителот не откри детали за погонската единица, опсегот или цената на моделот, а знаеме дека има оперативен систем Андроид и најмодерна електроника.

Ќе биде опремен со стаклен покрив, класични ретровизори, како и индивидуални задни седишта. Во кабината доминираат дигитална инструмент табла (12,5 инчи) и инфозабавен дисплеј (15 инчи).

Компанијата досега понуди два автомобили – хибридно купе Polestar 1 и седан Polestar 2. Најавено е лансирање на електричниот кросовер (Polestar 3), кој ќе пристигне следната година, додека четвртиот модел ќе биде SUV.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement