Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Електричен Volkswagen e-Kubel

Во минатите неколку месеци, Volkswagen поднесе апликација за заштита на имињата на своите класични модели со префиксот „е“, што укажува на нивно заживување, но со употреба на електричен погон.

На крајот на јуни, VW аплицираше за регистрација на името e-Samba, а потоа се шпекулирало дека може да се користи за производната верзија на концептот ID Buzz, но тој автомобил сепак ќе ја задржи ID ознаката.

Во следните недели, Volkswagen ги регистрираше имињата e-Beetle, e-Golf Classic, e-Kubel и e-Karmann.

Името E-Kubel веројатно се однесува на Kubelwagen, лесно воено возило од Втора светска војна, за кое извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис изјави дека во 2017 година сака да го оживее како електричен модел.

Неофицијалните информации велат дека оживеаните класици нема да бидат произведени директно од Volkswagen, туку дека овие проекти ќе ги преземе компанијата eClassic, специјализирана за претворање на постарите модели во модернизирани електрични автомобили.

Volkswagen го поддржува eClassic, кој веќе произведува електрична верзија на класичните „Буба“ и e-Bulli.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Оваа година Божиќната тема во Белата куќа е „Америка е убава“, а Меланија Трамп вели дека оддава почит и го покажува „величието“ на Соединетите...

Fool Moon

Астролозите направија интересни откритија и успеаја да ги идентификуваат четирите хороскопски знаци под кои се раѓаат најбогатите луѓе. Ако тие самите не се богати,...

Fool Moon

Ако бившиот веќе не гледа заедничка иднина со вас, тоа ќе го сфатите кога ќе се сретнете, а тој едвај ќе ве погледне, кога...

Route 66

Jeep Wrangler со текот на времето „прерасна“ во софистицирана машина и би било интересно ако Американците воведат помала теренска верзија, како што е визијата...

Advertisement