Всушност, има поголема вредност и од тоа…
Во моментов, најскапиот автомобил продаден во светот е Ferrari 250 GTO од 1963 година. Тоа е единствениот автомобил во светот чија вредност одговара на неговата тежина во злато.
Ако се земе во предвид сегашната цена на златото од 1,713 долари за унца, возило со тежина од 1,814 килограми ќе треба да се продаде за скоро 110 милиони долари, со цел неговата вредност да одговара на вредноста на нејзината тежина во злато.
Сепак, половина од тоа е 55 милиони евра, а Ferrari 250 GTO е продаден за 57,4 милиони долари, додека неговата вкупна тежина е 950 кг. Ова значи дека е повредно од вредноста на неговата тежина во злато.
Во шеесеттите години од минатиот век се произведени само 36 Ferrari 250 GTO, па се очекува неговата вредност да расте во наредните години.