Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Еден од телохранителите на Роналдо имаше тежок ден ,би сакал да го заборави што е можно поскоро…

Роналдо моментално се одмара со семејството на Мајорка каде пристигна со цел тим од помошници и телохранители. Додека се движел во колона,еден од автомобилите бил учесник во сообраќајна несреќа кога еден од телохранителите изгубил контрола над возилото.

Работите да бидат уште полоши, тоа беше Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse. Зад воланот наводно бил еден од телохранителите кој со премногу гас влегол во свиокот, изгубил контрола над возилото и завршил во ѕид. Во несреќата нема повредени, а причинета е материјална штета. Најмногу настрадала совозачката страна на автомобилот.

Според Дејли Мејл, телохранителот го продолжил патувањето во конвојот, а друг член на персоналот останал со автомобилот да ја чека полицијата и да обезбеди отстранување на автомобилот. Автомобилот на крајот бил покриен со сина церада и влечен од местото на несреќата.Засега не се знае кој точно го возел автомобилот, но се претпоставува дека се работи за еден од браќата Рамалхеиро. Серхио и Хорхе служеле во специјалните сили во Авганистан, а по враќањето биле ангажирани како лични телохранители на 37-годишниот фудбалер.

Да потсетиме, Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse е роудстер верзија базирана на Super Sport, а го придвижува моќниот W16 мотор со 1.200 КС. Тој остана запаметен како најбрзиот и најсилниот родстер во светот. Роналдо е познат по својата богата колекција на автомобили во која посебно место имаат автомобилите на Bugatti.Дури и се споменуваше дека Роналдо е купувач на Bugatti La Voiture Noire, некогаш најскапиот нов автомобил во светот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Fool Moon

Поранешната бизнис менаџерка на познатиот пејач Рики Мартин (50) тврди дека поп-ѕвездата и должи нешто повеќе од милион долари, а сега поднела тужба обидувајќи...

Green Tea

Актерката, икона за убавина и креативен директор за шминка зборува за летните третмани. Гвинет Палтроу беше една од најомилените и најпопуларните актерки на холивудската...

Four Seasons

Градот на светлината е непропустлива дестинација за страсните љубители на уметноста, а причината за тоа е многу повеќе од Ајфеловата кула. Одвојте време и...

Advertisement