Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Домашното крзнено „милениче“ случајно ја скрши шеиковата врата oд скапоцениот Ламборгини модел

Понекогаш домашните миленици можат да предизвикаат хаос при некоја игра, но безусловната љубов речиси секогаш води кон тоа нивните сопственици да им простат

Во новото видео од Обединетите Арапски Емирати, можеме да видиме дека токму тоа е случај со едно слатко мече кое се обидува да изеде вкусно јаболко, при што случајно ја откинува вратата од светлопортокаловиот модел на Lamborghini Huracan Performante на својот газда.

Мечката изгледа како младенче, но сепак е доволно силна да ја откорне вратата од шарките, оштетувајќи го италијанскиот суперавтомобил. Животното било целосно преплашено кога вратата паднала, но неговиот сопственик се насмеал и го повикал да го нахрани со јаболка.

Веројатно се прашувате кој здрав ум ги чува мечките како домашни миленици, но тоа не треба да ве чуди, бидејќи станува збор за арапскиот шеик Хумајд Абдул Албукаис, инвеститор и колекционер на суперавтомобили од Дубаи, кој поседува неколку неконвенционални миленичиња како што се тигри, лавови, хиени и змии.

На неколку слики на профилот на Инстаграм се гледа шеикот со своите животни, како седи покрај екстремно скапи возила како што се Lamborghini Urus, неколку автомобили Huracan , Rolls-Royce Wraith и Nissan Patrol лимузини. Човек би бил целосно преплашен дека мечката ќе ја уништи бојата на автомобилот, телото и внатрешноста со своите мали шепи убијци, но на шеикот, како вистински троглав Арап, изгледа воопшто не му е грижа.

Луѓето го критикуваа Шеикот што ги чува овие егзотични диви животни во заробеништво, но тој тврди дека навистина ги сака и дека биле третирани како членови на семејството во неговата приватна зоолошка градина контролирана од климата, лоцирана веднаш до палатата. Арапите се познати како луѓе кои ги обожаваат животните и се грижат за нив како да се родени деца, па овие примероци секако се во подобри услови отколку кога би биле во дивината, каде на крајот би биле ловени и убиени. Како што дополнително нагласи шеикот, ниту едно од животните не е дрогирано и сите се со заби и канџи.

Шеикот Хумајд Абдула Албукаис моментално има 1,9 милиони следбеници на Инстаграм, со 9,2 милиони следбеници на платформата Тик Ток, каде неговите видеа имаат над 1,1 милијарда прегледи, што нагласува дека луѓето дефинитивно сакаат да гледаат мечки и лавови како кружат наоколу.егзотични автомобили.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Има голема разлика во годините меѓу овие познати парови, но иако се на мета на секојдневни критики, нивната љубов нема граници. Големата разлика во...

Green Tea

Дали знаевте дека ова овошје е природен лек за холестерол, крвен притисок и циркулација? Во написот што следи откријте ги сите негови придобивки за...

Cotton Club

Денот на вљубените е совршена можност да се препуштите на љубовта, а доколку сакате малку да ја подигнете температурата и да го направите овој...

Wall Street

Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна...

Advertisement