Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Величенствена убавина на новата Iso Rivolta GTZ By Zagato

Неверојатниот Iso Rivolta GTZ by Zagato со својата прекрасна Monza Green надворешност, замина кај неговиот прв сопственик …

Легендарната дизајнерска куќа во Милано, овој пат навистина се надмина себеси. Инспирирани од иконскиот Iso Rivolta A3 од 1963 година, истиот автомобил што двапати ги освои 24 часа Ле Ман, величествените дизајнери на марката се обидоа да го редизајнираат класичниот автомобил, давајќи му елегантен екстериер, силна моќност и зачудувачка внатрешност. Слободно можеме да кажеме дека оваа модерна верзија му оддава почит на првиот модел, поминувајќи покрај него на патот кон иднината.

Телото на новитетот е составено од два главни јаглеродни елементи, што му дава структурен интегритет и цврстина, со ултра лесна конструкција што е неизбежен дел од спортските автомобили. Исто така, под италијански стил, овој автомобил крие американски погонски агрегат – мотор Corvette Z06 6,2-литарски LT4 V8 со погон, кој испушта околу 651 коњски сили и 881 Nm вртежен момент.

Ова значи дека неверојатната Iso Rivolta GTZ ќе забрза од нула до сто километри на час за само 3,7 секунди, пред да постигне максимална брзина од 315 километри на час. Имајќи го предвид фактот дека моделот C7 Corvette обично доаѓа со осумстепен GM 8L90 автоматски менувач, многу е веројатно дека ќе го најде своето место и во моделот Zagato.

На крајот, можеме да кажеме дека Zagato ќе произведе само 18 од овие убавици, додека оваа прекрасна зелена боја веќе отиде во рацете на нејзиниот сопственик.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Ги знаете оние стари добри визуелни загатки каде што треба да ги забележите разликите помеѓу две слични слики? Инстаграм профилот „celebbeforeafter“ е нешто такво,...

Fool Moon

Иако славните личности и стабилните, долгорочните врски и бракови обично не одат рака под рака, долгите и среќни бракови исто така постојат и на...

Fool Moon

Романот „Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков, кој по професија беше доктор, е дефинитивно дело кое никогаш никого не остава рамнодушен. За тоа сведочи...

Green Tea

Специјалитет на познатиот британски готвач Џејми Оливер се едноставни јадења за кои не се потребни посебни кулинарски вештини. Џејми Оливер е секогаш среќен што...

Advertisement