Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„Lost Tapes of the 27 Club“ претставува „нови“ песни од Курт Кобејн и Ејми Вајнхаус

Вештачката интелигенција создала композиции во стилот на музички легенди кои починале на рана возраст.

Иницијативата „Lost Tapes of the 27 Club“ е во сопственост на организацијата Club Over The Bridge и има за цел да ја подигне свеста за проблемите со менталното здравје.

Проектот е креиран со употреба на AI алгоритмот, слушање на композициите и проучување на хармоничните преференции на нивните автори, изборот на ноти и ритмичките карактеристики. Вештачката интелигенција компонира нова музика заснована врз информациите што ги доби за стиловите на музичарите. Потоа, тон-мајсторот за звук ги собира песните во посебен албум, според Hypebeast. Може да слушате песни во стилот на Курт Кобејн, Хендрикс, Џим Морисон, Жан-Мишел Баскијат, Ејми Вајнхаус и Џенис Џоплин.

„За да му покажеме на светот што е изгубено поради кризата со менталното здравје, користевме вештачка интелигенција за да го создадеме албумот Club 27. Преку албумот, охрабруваме се повеќе членови на музичката индустрија да добијат поддршка за менталното здравје кое им е потребно за создавање музика што сите толку многу ја сакаме. Но, сепак AI не може да ја замени вистинската креативност.“- стои во соопштението на страницата што се занимава со овој проект.

Клубот 27 е културен феномен кој ги обедини популарните музичари кои починаа на 27-годишна возраст поради проблеми поврзани со дрога, алкохол, депресија или други ментални нарушувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Откако е снимен во инвалидска количка, Бред предизвика дебата меѓу обожавателите кои тврдат дека неговата бивша е виновен за сè! „Бред Пит ја напушти...

Fine Living

Duffy London, бренд познат по своите скулпторски парчиња мебел, штотуку ја претстави својата нова лимитирана едиција Monument Valley масички за кафе… Со слоевит дизајн...

Green Tea

Истражувањата покажуваат дека свежо цвеќе во вашиот дом всушност може да го намали нивото на болка. Многумина од нас знаат за обичајот да испраќаат...

Cotton Club

Стилот не знае за години. Се работи за личност, лична перцепција и избор. Она што жената може да изгледа „забрането“ да го носи по...

Advertisement