Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

4 хороскопски знаци кои имаат проблем со ставот: Шират негативна енергија на секој чекор!

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и лошо.

Некои луѓе честопати стануваат огорчени за тоа низ што поминуваат, имаат проблеми со ставот. Тие постојано се жалат, приговараат и имаат негативен начин на размислување.

Тие се тврдоглави и не се согласуваат на компромиси, а несвесно им штетат на луѓето околу нив со својата негативна енергија.

Откријте кои хороскопски знаци според астрологијата шират негативна енергија.

Овен

Кога овој хороскопски знак е под стрес, тогаш прави сè за луѓето околу нив да бидат изложени на стресни ситуации! Тогаш тие стануваат агресивни и досадни и навистина не се двоумат да им го расипат денот на другите со нивниот негативен став и постојано жалење.

Близнаци

Овој хороскопски знак честопати е тешко да донесе добри одлуки. Кога, поради нивната неодлучност, Близнаците ќе направат погрешна работа, тогаш тие стануваат вознемирени и тешки. Во моменти како овие, тие не се баш најдобрите луѓе за дружење.

Девица

Девиците се свесни и совесни личности. Бидејќи се перфекционисти, тие имаат право да доминираат над другите и отворено да ги критикуваат на суров начин, без да размислат дали некому ќе повредат.

Тие честопати претеруваат во критиките, па ги повредуваат своите најблиски.

Водолија

Водолиите сметаат дека се супериорни во однос на другите. Потоа истураат горчливи и цинични коментари и на крајот се дистанцираат од другите луѓе, пренесува Пинквил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Fool Moon

Нозете во потпетици изгледаат убаво, долго и неверојатно, но да бидеме искрени, малку жени можат да ги носат со задоволство цело време. Сепак, со...

Advertisement